| четврток, 6 декември 2018 |

Законот за безбедност во сообраќајот скроен според предлози на граѓаните

Gordana-Jankuloska-int97-740x320-top

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на отворената владина седница зборуваше за Законот за безбедност во сообраќајот.

– Законот беше дел од јавна дебата цели 78 дена,  односно од 2 октомври па се до пред два дена кога текстот беше заклучен. Во тој период граѓаните имаа можност да коментираат, да дебатираат спроведени беа анализи, а голем дел од предлозите на граѓаните, како што истакна министерката биле прифатени. Ние се обидовме да направиме  посериозни измени во однос на ониe правила кои најчесто се прекршуваат. Во сообраќајот има голем број на прекршоци, меѓутоа најчести прекршоци се пречекорена брзина, возење в во алкохолизирана состојба, употреба на мобилни телефони и тука одевме со допрецизирање и одредено зголемување на казните, но и скалесто поставување на казните – изјави Јанкулоска.

Во делот на брзина, освен стандардното ограничување на брзината кое се предвидува, во населени места е намалена максималната брзина од 60 на 50 километри на час.

– Направивме градација на казните. Една е цената за оние кои што поминале до 50 километри над дозвленото, друга е за тие до 70, но освен паричната казна ја оставаме и  можноста за негатвни поени. Но кај најголемите пречекорувања, значи дека најмалку еднаш во комбинација со помал прекршок може да поминете максимално дозволена брзина  затоа што со 100 негативни поени се одзема возачката дозвола – рече Јанкуловска.

Таа истакна дека е добро што бројот на велосипедисти се зголемува, но подвлече дека со тоа било потребно да се најде начин дополнително да се заштитат.

-Во комуникација со Велосипедистичка федерација, со граѓанската иницијатива „На точак“, со Републичкиот совет за безбедност во патниот сообраќај дојдовме до решение, односно бело светло  за велосипедот да биде доволно видлив, двата диоптери со црвена боја, рефлектирачка лента и слично, носење кациги, но дел од нив не се задолжителни со оглед на тоа што точак се вози и на кратки релации – изјави Јанкуловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top