| четврток, 6 декември 2018 |

Емполи извлече бод во Фиренца, Сампдорија и Удинезе ги поделија бодовите (видео)

Екипата на Емполи не знае за пораз веќе пет кола по ред. Попладнево ја продолжи низата освојувајќи бод во Фиренца против домашната Фиорентина која важеше за фаворит на овој меч. Ова беше четврти натпревар по ред за тимот на Емполи кој го одиграл нерешно.

Fiorentina-Empoli

Виолетовите први поведоа во финишот од првото полувреме во 44 минута преку Варгас со убав удар од преку 20 метри. Во вториот дел Емполи искористи една од ретките шанси за гол на овој натпревар и го израмни резултатот на 1-1 што подоцна се покажа дека е и конечен во 16. коло од италијанската Сериа А лига. Стрелец на израмнувачкиот гол беше одбранбениот играч Тонели во 57 минута. Тој ја искористи нафрлената топка од корнер и со глава биеше неодбранливо во мрежата на Фиорентина.
До крајот на мечот домаќините се обидоа да дојдат до трите бода, но иницјативата пред голот на Емполи не вроди со плод.


J Vargas Goal Fiorentina vs Empoli 1-0 Serie A… by goals5


Tonelli Goal – Fiorentina 1-1 Empoli – 21-12-2014 by JuventusFans

Самподорија и Удинезе одиграа 2-2 во Џенова. Според играта на двата тима ова е најправедниот резултат, и заслужено гостите од Удине си одат дома од тешкото гостување со освоен бод.

Sampdoria - Udinese

Сампдорија прва постигна гол за водство од 1-0 преку Обианг во 15 минута. Тоа не ги поколеба гостите и ја продолжија својата игра и бараа шанса да возвратат. Тоа им успеа на два наврати и со тоа да поведат на 2-1 уште во првото полувреме. Стрелци беа Гелјо и Данило во 31 и 34 минута, а на двапати асистираше Коне.
Сампдорија го израмни резутатот по 15 минути игра во вториот дел преку Габиадини со што беше поставен конечниот резутат.


All Goals – Sampdoria 2-2 Udinese – 21-12-2014 by JuventusFans

На останатите натпревари одиграни попладнево во Сериа А лига беа постигнати следниве резултати:

Верона – Кијево 0-1, Аталанта – Палермо 3-3, Торино – Џенова 2-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top