| четврток, 6 декември 2018 |

Белградска „Маракана“ преименувана во „Рајко Митиќ“

Стадионот на Црвена Звезда во Белград досега неофицијално го носеше името „Маракана“ по бразилскиот стадион кој е најголем во светот.
На редовниот годишен состанок меѓу ветераните, легенди на клубот и преставници на навивачите едногласно е одлучено најголемиот стадион во Србија и поранешна Југославија отсега да го носи името на Рајко Митиќ кој е првата „звездина звезда“ на клубот.
Тој во периодот од 1945 до 1958 година додека настапуваше за Црвена Звезда одигра 572 натпревари и постигнато 262 гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top