| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиевски: Имаме шанса да ја вратиме иднината

-Гледаме секој ден како се затвораат фабрики, како остануваат луѓе без работа. Младите бараат виза за странство. На 24. март имаме шанса да ја вратиме иднината – рече лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, на митингот во Гази Баба, каде ги повика жителите да за Борче Стефановски за градоначалник на Гази Баба.

Ова за него е реферндум за тоа во каква Македонија сакаме да живееме.

Стефановски пак вети дека за 1 година ќе го направи она што не е направено за 4 годишен мандат.

– Нема да остане ниедна неосветлена и неасфалтирана улица, ќе поставиме бесплатни канализации, ќе ја гасифицираме општината, ќе воведеме служба за бесплатна достава на лекови, изградба на затворен и отворен базен и нови осветлени игралишта, ќе донесеме инвестиции за вработување на нови 5000 граѓани – најави Стефановски.

Вети бреднирање на земјоделските производи произведени во општината.

– Од својата љубов кон Гази Баба ќе ја извлечам од бесперспективноста во којашто е потоната. Животот нема реприза, иднината сега – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top