| четврток, 6 декември 2018 |

Многу љубов и музика – концерт на „Љубојна“

9472CE4EBB901146AE666D47B7AF1DAE

Публиката на саботниот концерт во Универзалната сала во Скопје речиси ги дочека на нозе и со аплаузи на сцената вокалистката Вера Милошевска и нејзината расположена музичка дружина. Тринаесетте музичари на сцената, меѓу кои беа и гостите Васил Хаџиманов и Џамбо Агушев, во секој миг беа подготвени да се надоврзат на вокалните импровизации на Вера, кои започнуваа со препознатливиот за „Љубојна“ етнофолклорен мелос, а завршуваа во своевидни „џез-мистификации“. На таквото етерично расположение, природно „си легнаа“ стиховите „За Дениција“ од Петре М. Андреевски во специјален концертен аранжман.

Публиката ја наградуваше секоја песна на „Љубојна“ со нескриен восхит, но кулминацијата, сепак, се случи на можеби најпозната песна во нивна изведба, „Твоите очи, Лено“.

Извор: Утрински весник

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top