Филипинската министерка за правда Леила де Лима денеска испрати ултиматум до „привелегираните“ осуденици од затворот Билибид, според кој до пред Божик тие треба да го предадат скриеното оружје, наркотиците и парите од кои дел во два претреса неделава откри специјалната полиција.
Филипинската јавност беше шокирана по откривањето на податоците дека во познатиот затвор во близината на Манила осудените за криминал живееле во прилично луксузни ќелии во вилска населба, во која имало и џакузи и стриптиз бар.
Затворот Билибид има капацитет за 8.900 затвореници, но во него сега се сместени 23.000 осуденици. Тоа не ги погодило привелегираните криминалци кои имале и поддршка на затворската управа и според „Манила тајмс“’ и во затворот се чувствувале како кралеви.
Иако беше највено дека за ваквата состојба во затворот ќе одговараат сите што работат таму, до сега само тројца од управата се притворени поради истрага, формално, за да се открие кој ги известил привелегираните затвореници дека доаѓа рација од специјалците, а тие имале време да ги скријат недозволените, но за нив дозволени работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Затворениците во „Идризово“ предизвикале пожар и поплава за да не им ги земат телефоните
-
Супертајфунот уби 25 лица на Филипините, сега се упатува кон Хонг Конг (ФОТО)
-
Бомба експлодираше за време на прослава на Филипини, има загинати и повредени
-
Филипинскиот претседател со шокантна изјава: Бог е глупав!