| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер Јунајтед се сопна на Вила Парк (видео)

Астон Вила стави крај на победничката серија на Манчестер Јунајтед од пет победи по ред. Денеска во рамките од 17.коло во Премиер лигата двата тима одиграа реми 1-1.

Aston Villa vs Manchester United

Незгодната Астон Вила се покажа како тврд орев за „црвените ѓаволи“ па дури и со играч помалку во вториот дел одолеа на нападите на избраниците на Луис Ван Гал. Холандскиот стратег го започна натпреварот со малку чудна формација со само тројца играчи во одбраната и дури 5 во средниот ред. Нападот го сочинуваа Робин Ван Перси и Фалкао, но и тоа не беше доволно за продолжување на низата на победи.
Белгискиот интернационалец во редовите на Астон Вила, Кристијан Бентеке, успешно реализираше со фантастичен гол во 18 минута. Голманот на Манчестер Давид Де Хеа само со поглед ја проследи топката во мрежата.

Во вториот дел гостите тргнаа на се или ништо. Се редеа нападите, а тоа резултираше со погодок на Фалкао во 53 минута. Популарниот „Ел тигре“ ја искористи нафрлената топка на Јанг од левата страна и со глава биеше под пречката на голот на Астон Вила.
Дополнителен мотив за победа на Мачестер Јунајтед им даде и Агбонлахор со добиениот црвен картон во 65 минута, но цели 25 минути Манчестер не успеа да постигне гол.


Goal Benteke – Aston Villa 1-0 Manchester… by abzzzKids


Goal Falcao – Aston Villa 1-1 Manchester United… by Jek09Pre

На останатите натпревари во Премиер лигата во 17.коло беа постигнати следните резултати:

Астон Вила – Манчестер јунајтед 1-1, Хал – Свонси 0-1, КПР – ВБА 3-2, Саутемптон – Евертон 3-0,Тотенхем – Барнли 2-1, Вест Хем – Лестер 2-0, Манчестер Сити – Кристал Палас 3-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top