| четврток, 6 декември 2018 |

Слаба ефикасност во Бундес лигата, Борусија Дортмунд продолжува да тоне (видео)

Werder Bremen vs Borussia Dortmund

Катастрофалната сезона во германскиот фудбалски шампионат на Борусија Дортмунд продолжи и во ова коло со нов пораз. „Милионерите“ денеска во рамките од 17.коло загубија на гостински терен од последнопласираната екипа на Вердер со 2-1 и со тоа се повеќе влегуваат во резултатска криза бидејќи сега се на второто место одоздола на табелата пред екипата на Фрајбург која има и натпревар помалку.
Двата гола за домаќинот ги постигнаа Селке и Бартелс кои стрелаа во 3. и 62. минута, додека поразот го ублажи Хумелс со гол во 70. минута.

Во останатите средби, Ајтрахт Фракфурт извлече голем бод на гостувањето во Леверкузен против Баер играјќи 1-1. Ајтрахт можеше и да се надева на трите бода бидејќи прв поведе со голот на Мејер од пенал во 36 минута. Сепак „Фармацевтите“ не дозволија изненадување и успеаја да извлечат бод во 83 минута преку Белараби.

Во останатите натпревари, Аугсбург славеше победа од 2-1 над Борусија Менхеглдабах, додека средбите Шалке – Хамбругер и Штутгарт – Падерборн завршија 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top