| четврток, 6 декември 2018 |

Распродадено виното на Бранџелина

Бред Пит и Анџелина Џоли го распродадоа своетп  вино од француската винарија за само пет часа, јавуваат странските медиуми. Едно шише од нивното  „Миравал Росе“ чини 105 евра. Произведено е на имотот на Шетау Миравал, кој во 2008-ма година го откупија двајцата холивудски актери.

Актерите активно учествуваа во производството на самотот вино и во дизајнот на шишето и етикетата. Преку интернет биле понудени 100 илјади шишиња за продажба, исклучиво за ресторани и винарии.

Тиери Десеоув, првиот критичар кој го проба виното ја пофали неговата динамичност и изразена водна арома, а се очекува Бранџелина наскоро да издадат и бела и црна варијанта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top