Битолските социјалдемократи поднесоа кривични пријави за 13 вработувања во предизборието. Пријавите се против директорките на двете јавни детски градинки во Битола. Постапката за вработувањата во градинките, според СДСМ започнала на денот на распишување на изборите на 11 јануари, а одлуките за вработувања се донесесни на 4 и 7 март.
-И според Законот за спречување на корупција и според изборниот законик, забранети се вработувањата во државна администрација од денот на распишување до завршување на изборите, заради што двете директорки треба кривично да одговараат – рече Весна Бендесвка.
Градоначалникот Владимир Талески,пак, вели дека СДСМ се служи со лаги и шекулации, затоа што вработувањата биле законски.
-СДСМ може да пишува кривични пријави и да прави пресови колку сака, но тврдам дека тоа е законски, тие вработувања беа во тек, дозволени се од Антикорупциска комисија. На СДСМ тоа може да им се допаѓа или не, но од нив во кампањата освен лаги, манипулации, закани и шпекулации, не видовме ништо друго – изјави Талески
СДСМ ќе поднесе претставка и до Антикорупциска комисија, затоа што велат, ваквите предизборни вработувања се доказ дека оваа власт е подготвена на изборна манипулација и измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
„Катимерини“: Три сценарија за парламентарните избори во Грција
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата