Ники Минаж стана заштитно лице на „Кавали“ за колекцијата пролет- лето. Роберто Кавали ја избра пејачката, бидејќи таа ја отелотворува напнатата и модерна женственост на жената на„Кавали“.
Со изборот 74годишниот дизајнер, сака да ги охрабри клиенткитекои ги кријат своите облини.
– Со оваа кампања сакам да испратам силна порака. Сакам сензуална жена која го сака своето тело, да не се плаши да ги покажува своите облини и да ги претвора во свој плус.
Сликите за кампањата се направени од Франческо Кароцини.
Пред Ники Минаж, заштитно лице на „Кавали“ беше Рита Ора .
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.