| четврток, 6 декември 2018 |

Брисел наjавува инвестициски бум

Пре­тсе­да­те­лот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Жан-Колд Јун­кер, му го прет­ста­ви но­ви­от план за за­жи­ву­ва­ње на европ­ска­та еко­но­ми­ја. Ме­сто да вле­гу­ва во нов долг, Јун­кер са­ка да ги пре­на­со­чи средс­тва­та и да на­ма­ми при­ват­ни ин­ве­сти­то­ри

Бо­жик е пер­и­од за по­да­ро­ци. Се чи­ни де­ка и Европ­ска­та уни­ја е рас­по­ло­же­на за тоа – зем­ји­те-член­ки под­го­тву­ва­ат огро­мен па­кет-по­да­ро­ци. Во те­кот на на­ред­ни­те три го­ди­ни, Евро­па са­ка да ин­ве­сти­ра 315 ми­ли­јар­ди евра во стра­те­ги­ски про­е­кти.

Мно­гу зем­ји-член­ки се тол­ку за­дол­же­ни, што не мо­жат да си доз­во­лат да ин­ве­сти­ра­ат. Др­жав­ни­от долг на Фран­ци­ја во од­нос на до­маш­ни­от бру­то-про­из­вод во 2015 го­ди­на ќе би­де 101,2 про­цен­ти. Си­ту­а­ци­ја­та во Шпа­ни­ја и во Ита­ли­ја е уште по­тра­гич­на. Цел­та на ин­ве­сти­ци­ски­те па­ке­ти е да ја прид­ви­жат за­пре­на­та еко­но­ми­ја на ЕУ. Шпа­ни­ја, на при­мер, би мо­же­ла да ги иско­ри­сти средс­тва­та за по­до­бру­ва­ње на транс­порт­ни­те вр­ски до подв­ле­че­ни­те об­ла­сти. Европ­ска­та ин­ве­сти­ци­ска бан­ка (ЕИБ) ќе ги одре­ди по­тен­ци­јал­ни­те про­е­кти.

И Гр­ци­ја би мо­же­ла да ин­ве­сти­ра во ин­фра­стру­кту­ра­та. Освен ши­ре­ње на еле­ктрич­на­та мре­жа, Гр­ци­ја би мо­же­ла да ја раз­вие и ве­тер­на­та енер­ги­ја за по­зе­ле­на ид­ни­на.

Но, не­ма да про­фи­ти­ра­ат са­мо за­дол­же­ни­те зем­ји. И Гер­ма­ни­ја би мо­же­ла да пу­шти ра­ка во фон­до­ви­те за да ја по­до­бри по­кри­е­но­ста со ши­ро­ко­по­ја­сен ин­тер­нет, по­себ­но во ру­рал­ни­те сре­ди­ни. Тоа би би­ло по­лез­но и за биз­ни­сот, и за до­ма­ќинс­тва­та.

Се оче­ку­ва де­ка ин­ве­сти­ци­ски­те про­е­кти во Евро­па ќе отво­рат 1,3 ми­ли­он но­ви ра­бот­ни ме­ста. Тоа зна­чи де­ка Европ­ска­та ко­ми­си­ја, де­фи­ни­тив­но, ќе ѝ вдах­не нов жи­вот на еко­но­ми­ја­та. Но, од ка­де до­а­ѓа­ат си­те тие па­ри? Зна­е­ме де­ка го­диш­ни­от бу­џет на ЕУ е са­мо 142 ми­ли­јар­ди евра. Ви­стин­ски ли е бо­жик­ни­от по­да­рок од пре­тсе­да­те­лот на Ко­ми­си­ја­та?

На ку­ти­ја­та пи­шу­ва „315 ми­ли­јар­ди“, вна­тре има са­мо 21 ми­ли­јар­да, кои ЕИБ ќе ги иско­ри­сти за да обез­бе­ди за­е­ми, па, та­ка, па­ке­тот ќе на­рас­не до 60 ми­ли­јар­ди евра. Спо­ред пла­нот, по­тоа ќе се прив­ле­ку­ва­ат оси­гу­ри­тел­ни ком­па­нии и пен­зи­ски фон­до­ви за пе­ткрат­но зго­ле­му­ва­ње на ка­пи­та­лот, ве­ту­вај­ќи им про­фит. Ток­му на тој на­чин Бри­сел са­ка да пре­тво­ри ед­но евро во 15 евра, или 21 ми­ли­јар­да да ста­нат 315 ми­ли­јар­ди.

При­ват­ни­те ин­ве­сти­то­ри, нај­ве­ро­јат­но, не­ма да се со­о­чат со го­ле­ми ри­зи­ци, а да­ноч­ни­те об­врз­ни­ци би би­ле во опас­ност са­мо во слу­чај на за­гу­ба. Да­ли ова, на­ви­сти­на, е праз­ни­чен по­да­рок за гра­ѓа­ни­те на ЕУ? Или, пак, Бо­жик ќе го праз­ну­ва­ат са­мо ин­ве­сти­то­ри­те?

Пре­тсе­да­те­лот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја, Жан-Клод Јун­кер, пред Европ­ски­от пар­ла­мент го пре­зен­ти­ра­ше но­ви­от план, на­ре­чен „Европ­ски фонд за стра­те­ги­ско ин­ве­сти­ра­ње“ (ЕФСИ). ЕФСИ е под по­кро­ви­телс­тво на ЕУ и на ЕИБ – ЕУ ќе учес­тву­ва со 16 ми­ли­јар­ди од сопс­тве­ни­от бу­џет, а дру­ги­те пет ми­ли­јар­ди ќе ги обез­бе­ди ЕИБ. Под­др­шка­та на пла­нот од при­ват­ни фир­ми ќе им до­не­се пет­на­е­се­ткра­тен про­фит на ЕУ и на ЕИБ, про­це­ну­ва Европ­ска­та ко­ми­си­ја.

Јун­кер са­ка да ги пла­си­ра тие 315 ми­ли­јар­ди евра во ин­фра­стру­ктур­ни про­е­кти, кои би за­си­ли­ле мно­гу се­кто­ри во си­те 28 зем­ји-член­ки – транс­порт, енер­ге­ти­ка, мал биз­нис, вра­бо­ту­ва­ње на мла­ди­те, обра­зо­ва­ние и по­вр­зу­ва­ње со ши­ро­ко­по­ја­сен ин­тер­нет.

ЕУ ма­ка ма­че­ше со го­лем де­фи­цит, ви­со­ка стап­ка на не­вра­бо­те­ност и мал раз­вој во из­ми­на­ти­те не­кол­ку го­ди­ни. И по­крај зна­ци­те на оз­дра­ву­ва­ње од ре­це­си­ја­та, се­пак, за ин­ве­сти­то­ри­те Евро­па сè уште е ри­зич­на де­сти­на­ци­ја за ин­ве­сти­ра­ње, што е уште еден бо­лен удар за др­жа­ви­те, чи­и­што вла­сти мо­раа по­ве­ќе­крат­но да ги на­ма­лат тро­шо­ци­те за да ги до­стиг­нат бу­џет­ски­те це­ли на ЕУ.

 

Ци­фри до об­ла­ци­те

Пре­зен­та­ци­ја­та на ЕФСИ до­би и под­др­шка и кри­ти­ки од струч­ња­ци­те над­вор од ЕУ.

Пр­ва­та еко­но­мис­тка на ОЕЦД, Ке­трин Ман, истак­на де­ка е ло­гич­но што ЕУ ги ре­кон­стру­и­ра фон­до­ви­те за да прив­ле­че ин­ве­сти­то­ри.

– 315 ми­ли­јар­ди е број­ка до об­ла­ци­те, ви­со­ко го­ре в об­ла­ци. На ма­са, всуш­ност, има мно­гу, мно­гу по­мал­ку го­то­ви­на – из­ја­ви Ман за „Рој­терс“.

Ме­ѓу­тоа, пак, за дру­ги овој план е из­др­жан и ос­твар­лив.

– Пла­нот на Европ­ска­та ко­ми­си­ја е со­сре­до­то­чен на за­си­лу­ва­ње на нај­важ­ни­те број­ки. Тој се зас­но­ва на зна­чи­тел­но „на­тру­пу­ва­ње“ при­ват­ни ре­сур­си, што че­сто би­ло не­ус­пеш­на иде­ја, из­ја­ви еко­но­ми­стот Рајн­хард Клу­се од „Ју-Би-Ес ин­вест­мент банк“ во Лон­дон за „Франс прес“.

Јун­кер мо­ра да до­бие одо­бру­ва­ње и од Европ­ски­от пар­ла­мент, и од вла­ди­те на си­те зем­ји-член­ки пред да мо­же да го спро­ве­де ЕФСИ.

 

Извор | „Дој­че ве­ле“
Превод | Ма­ри­ја Ма­на­си­е­ва

(Текст објавен во 119. број на неделникот Република, 12.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top