| четврток, 6 декември 2018 |

Кај битолчанец пронајдена нова синтетичка дрога

Кај 23-годишниот битолчанец Т.М. полицијата пронашла 25 зелени таблети екстази со втиснато лого „ДНА“ сокриени од задната страна меѓу коланот и пантолоните. Таблетите содржат МДМА психоактивна супстанца, односно стимуланс на централниот нервен систем, што е класификуван на листата на забранети опојни дроги и психотрони супстанци.

СВР Охрид соопшти дека во предниот џеб од пантолоните кај него била пронајдена е кесичка со патент со 30 коцки (25C-NBOMe) синтетичка психоактивна супстанција со халуциногено дејство, која не се наоѓа на листата на контролирани психотропни супстанци и опојни дроги. Таа во 2010 година се појавила на сајтовите каде се предлагаат хемиски супстанци и синтетички дроги. Дрогата претставува дериват на psychedelic phenethylamine 2C-C, бел прашок со горчлив вкус на метал. Според силата, 25C-NBOMe е послаб од LSD.

„Поради тоа, до Министерството за здравство на Република Македонија ќе биде доставено известување дека на илегалниот пазар се појавила нова супстанца која делува како дрога со цел поведување постапка за внесување на оваа супстанца во листата на контролирани псиготропни супстанции и опојни дроги“, се наведува во соопштението од СВР Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top