Писателот Ермис Лафазановски е нов претседател на Македонскиот ПЕН- центар. Ова го одлучи Управниот одбор на ПЕН-центарот, веднаш по одржувањето на изборното собрание.
За секретар на оваа организација е избран поетот Владимир Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет. Членови на новиот Управен одбор се писателите Данило Коцевски, Весна Ацевска, Александар Прокопиев, Лидија Дракулевска, Зоран Анчевски, Наташа Аврамовска и Фатмир Сулејмани.
Новоизбраниот претседател Лафазановски е автор на повеќе романи за кои добила повеќе престижни награди во земјата и во странство. Негови дела се преведувани на повеќе јазици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Геопоетика“ од Белград го објави „Историјата на луѓето кои умреа од страв” на Ермис Лафазановски на српски јазик
-
Македонскиот ПЕН центар ќе го одбележи Меѓународниот ден на писатели во затвор
-
Порака од Маџиров во име на ПЕН-центарот по повод Светскиот ден на културна разноликост: Различноста и личноста
-
Романите на Старова, Лафазановски и Костадиновски ќе се преведуваат во Русија, Полска и Германија