| четврток, 6 декември 2018 |

Ермис Лафазановски избран за нов претседател на Македонскиот ПЕН-центар

Писателот Ермис Лафазановски е нов претседател на Македонскиот ПЕН- центар. Ова го одлучи Управниот одбор на ПЕН-центарот, веднаш по одржувањето на изборното собрание.

За секретар на оваа организација е избран поетот Владимир Мартиновски, професор на Филолошкиот факултет. Членови на новиот Управен одбор се писателите Данило Коцевски, Весна Ацевска, Александар Прокопиев, Лидија Дракулевска, Зоран Анчевски, Наташа Аврамовска и Фатмир Сулејмани.

Новоизбраниот претседател Лафазановски е автор на повеќе романи за кои добила повеќе престижни награди во земјата и во странство. Негови дела се преведувани на повеќе јазици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top