Македонскиот репрезентативец Муарем Муарем блеска во Карабах, тим што вчера го доби дербито од азербејџанското првенство против Хазар Ланкаран со 3-2. Муарем постигна два гола, а особено убав беше првиот погодок на мечот во продукција на нашиот репрезентативец.
Играчот од средниот ред на Карабах сезонава игра извонредно, со решавачки гол против холандски Твенте му овозможи на својот тим да игра во фазата по групи во Европа лигата, каде азербејџанците беа оштетени во последниот меч против Интер за пласман понатаму. Им беше поништен регуларен гол што им ја одзеде шансата да играат во нокаут-фазата.
Со добрите игри во Карабах, Маурем се избори и за место во националниот состав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)