| четврток, 6 декември 2018 |

Некогаш најубава тинејџерка, денеска изгледа страшно (фото)

Во 2009 година Џејми Ли Франс била прогласена за Мис тинејџерка на Орегон, но пред неколку дена била уапсена поради поседување и консумирање на кристален мет, кокаин и хероин.

На Фејсбук порача дека оваа година била многу тешка за неа, борбата со дрога зела голем данок, кој Џејми ја претворила во непрепознатлива личност.Оваа девојка била уапсена заедно со Џерода Велс (37) во еден мотел во Орегон, во соба која била преполна со хероин, кокаин и кристален мет.Полицијата во Орегон објави фотографија од Џејми после апсењето.

– Сакаме да ја искористиме оваа прилика за да застанеме на патот на продажба на дрога и да укажеме на последиците која таа ги остава на оние кои ја користат, на нивните семејства и на општеството – соопшти полицијата.

Џејми на Фејсбук неодамна порача: „Оваа 2014 година беше многу лоша година за мене. Почна со сообраќајна несреќа во која за малку не загинав, ја изгубив работата, член на семејството. Доживеав многу емотивни неуспеси. Колку долго ќе можам да издржам?“

76931_mis-1_630x0_thumb_medium300_380

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top