Клиниката за детски болести во Скопје доби софистициран апарат што ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта, донација од Македонски телеком и Т-Мобиле.
Апаратот, прв од ваков вид во Македонија, е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.
– Во нашата амбуланта годишно, во просек, се прават по 2.500 ЕЕГ-прегледи. Овој апарат е неопходен за точната процена на локацијата и на активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите – изјави доц. д-р Аспазија Софијанова, директорката на Детска клиника и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта, поддршката на Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија.
– Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога им се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат е неопходен за правилно дијагностицирање епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и на здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно – истакна главниот извршен директор на Македонски телеком – Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски телеком.
Медицинскиот апарат е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ-снимање и набљудување на пациентите во траење од 24 и од 48 часа, специфична дијагностичка постапка, која пациентите место да патуваат во странство, отсега ќе можат да ја прават во Клиниката за детски болести во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МНТ се приклучи во хуманитарната акција за Сара: Сретствата од билетите од „Силјан Штркот шанца“ ќе се донираат
-
Кампањата „Подарено срце“ донесе медицинска опрема за поефикасно лекување на деца со респираторни проблеми
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет
-
Донација на дидактички помагала за децата од домот „11 Октомври“