| четврток, 6 декември 2018 |

Детска клиника доби апарт за откривање епилептични жаришта

Медицинскиот апарат е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ-снимање и набљудување на пациентите во траење од 24 и од 48 часа, за која специфична дијагностичка постапка пациентите наместо да патуваат во странство, отсега ќе можат да се прегледуваат во Клиниката за детски болести во Скопје

unnamed

Клиниката за детски болести во Скопје доби софистициран апарат што ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта, донација од Македонски телеком и Т-Мобиле.

Апаратот, прв од ваков вид во Македонија, е донација на Одделот за неврологија, при детската клиника и ќе се користи за дијагностика на епилептични жаришта.

– Во нашата амбуланта годишно, во просек, се прават по 2.500 ЕЕГ-прегледи. Овој апарат е неопходен за точната процена на локацијата и на активноста на епилептичните жаришта, што ќе овозможи соодветно лекување, лекување на нападите и намалување на појавата на нападите – изјави доц. д-р Аспазија Софијанова, директорката на Детска клиника и воедно ја изрази големата благодарност во име на целиот персонал и Клиниката за детски болести во Скопје за помошта, поддршката на Македонски телеком и Т-Мобиле Македонија.

– Навистина е прекрасно чувството во овие празнични денови да се подари. Особено кога им се подарува на деца. Не сум медицинско лице и не ги знам техничките карактеристики на апаратот што денес го донираме на Одделот за неврологија, но знам дека овој апарат  е неопходен за правилно дијагностицирање епилепсија кај децата, а со тоа и правилно и навремено лекување, што на крајот значително ќе го подобри квалитетот на живот и на здравјето на тие деца. А тоа е повеќе од доволно  – истакна главниот извршен директор на Македонски телеком – Андреас Маиерхофер, главниот извршен директор на Македонски телеком.

Медицинскиот апарат е засега прв и единствен во Македонија, кој овозможува долготрајно ЕЕГ-снимање и набљудување на пациентите во траење од 24 и од 48 часа, специфична дијагностичка постапка, која пациентите место да патуваат во странство, отсега ќе можат да ја прават во Клиниката за детски болести во Скопје.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top