Со наближувањето на изборите, најголемата пречка која стои помеѓу премиерот Бенјамин Нетанјаху и повторното освојување на највисоката позиција, може да биде самиот Нетанјаху.
Многумина кои му ги оспоруваат ставовите, меѓу кои се и негови традиционални поддржувачи, како што самите велат на мета го имаат долгогодишниот израелски премиер затоа што тој девет години е на оваа позиција, и време е за ново лице. Според социолошките истражувања, Нетанјаху сѐ уште е фаворит, но „заморот од Биби“ се покажува како клучна тема во претстојната тримесечна изборна кампања.
Неговиот рејтинг на поддршка брзо се топи, а првпат како што покажуваат истражувањата, неодамна создадената коалиција се покажува како пречка која треба да ја надмине неговата партија Ликуд како најголема парламентарна група. Иако тоа не мора да гарантира победа за позицијата, сепак е причина за неспокој за догогодишниот израелски лидер.
– Постои извесен впечаток дека луѓето сакаат да видат промена, рече за Асошиетед прес пратеникот од Ликуд, Дани Данон, кој му е соперник на Нетанјаху за внатрепартиските избори. „Ги слушам тие гласови и се тревожам за претстојните избори и за коалицијата која може да следува“, рече тој.
Кога минатата недела Нетанјаху ја распушти својата тешко управувана коалиција и свика нови избори, изгледаше дека реизборот му е гарантиран. Позициите му изгледаа толку силни што неговиот чекор беше сметан како тактичко решение со цел да му гарантира четврти мандат.
Но само неколку денови подоцна, кампањата „секој, само не Биби“ во која беше спомнуван според прекарот по кој е познат, започна да добива на сила и неговиот маневар изгледа се поризичен. Изборите се закажани за 17 март.
За ваквата ситуација има многу причини. Мирољубивата левица во Израел го гледа Нетанјаху како идеолог на тврдолинијската политика која се обединува со сојузници и се спортивставува на мирот со палестинците, и се залага за се поголема улога на религијата во секојдневниот живот. Тие исто така се жалат за влошување на односите со САД кои се најблискиот и најважниот сојузник на Израел.
Дури и многу од конзервативните избирачи стравуваат дека Нетанјаху се наклонува силно кон религиозно националистичката десница, а приврзениците на тврдиот пат парадоксално сметаат дека Нетанјаху е претерано мек по прашањата за безбедноста и се вртат кон други партии. Истовремено, економијата во која има се поголеми поделби помеѓу богати и сиромашни, ги засега многу израелци. Во целина, мнозинството едноставно чуствуваат дека е време за малку свежа крв.
– Запомнете ми ги зборовиве: првокласниот Бенјамин Нетанјаху ќе ги загуби изборите“, напиша во вторникот во либералниот дневен весник Аарец коментаторот Ури Мистав. „Потенцијалот на Нетанјаху го достигна дното и тој веќе нема што да предложи… Нетанјаху ќе загуби затоа што се поголемата одбивност кон него ја нарушува партиската дисциплина и се прелива кон надвор“, напиша тој.
Кампот на противниците на Нетанхају ги вкрепи своите позиции откако неделава левоцентристичката Партија на трудот ги обедини силите со омилената скорешна министерка за праводудство Ципи Ливни и нејзината партија Хатенуга, која е фокусирана кон мирот со палестинците.
Социолошките истражувања прогнозираат дека околу 24 места за коалицијата во 120 члениот Кнесет, која би ја претворило во најголема поединечна група во парламентот – со две или три места повеќе од партијата Ликуд на Нетанјаху. Но сепак според анкетите Нетанјаху има најголеми шанси да состави коалиција на мнозинството, заради очекуваното силно претставување на други религиозни и националистички партии. Но дури и само една формација од тој блок да го напушти, тоа може да го пресврти исходот на изборите против Нетанјаху.
Загадочниот министер за надворешни работи и лидер на партијата Израел Бејтену, Авигдор Либерман, има измешани односи на љубов и омраза со својот поранешен наставник Нетанјаху. Неодамна тој го пресече задкулисниот обид на Нетанјаху да создаде алтернативна коалција, и сега пред изборите дава знаци дека се придвижува кон центарот.
А популарниот поранешен сојузник на Нетанјаху, Моше Кахлон, кој се повлече од политиката минатата година по кавгата со премиерот, се враќа со нова сопствена партија која изгледа е на пат да ја одземе подршката кон Нетанјаху.
Скорешниот министер за финансии и лидер на партијата Јеш атид, Јаир Лапид, чие заладување на односите со Нетнајхау доведе до распаѓање на коалицијата, испраќа остри критики кон премиерот нарекувајќи го страшливец кој е настрана од проблемите на обичните израелци.
И ултраортодоксните еврејски партии, кои по традиција се меѓу најверните партнери на Нетанјаху, велат дека е можно да размислат за можноста да се приединат кон владата која ќе ја предводи лидерот на Партијата на трудот, Ицхак Херцог.
Некои клучни сојузници на Нетанјаху од неговата партија го избегнуваат. Највисокиот е популарниот пранешен министер за внатрешни работи Гидеон Саар, кој размислуваше да се кандидира како соперник на Нетанјаху за внатрепартиските избори за лидер на партијата. Навестувања против Нетанјаху се слушнаа на партискиот конгрес во вторникот вечерта. Незадоволството се проширува и меѓу јавноста.
Социолошките истражувања во кои анкетираните се прашани кој според нив е најсоодветната личност за премиер, покажуваат дека разликата помеѓу Нетанјаху и лидерот на Партијата на трудот Херцог, се топи. Други истражувања посочуваат дека големо мнозинство израелци велат дека не сакаат Нетанјаху повторно да биде министер- претседател, макар што немаат предвид некој подобар кандидат.
Водечкиот коментатор во весникот Једиот ахронот, Нахум Бариеа, изјави дека е време Нетанјаху да си замине затоа што е на премиерската позицоја подолго од кој било друг уште од времето на првиот премиер на државата – таткото основач на Израел, Давид Бен-Гурион.
– Доста ни е од вас, премиере, а исто и вам ви е доста. Она што не го направивте за три мандати нема да го направите ниту во четвртиот, напиша тој. „Имавте и подобри години и полоши години. Ние толку сакаме да ни недостигате, што веќе чувствуваме се поголемата носталгија кон вашите позитивни квалитети за да ги славиме. Дајте ни шанса“, напиша Барнеа.
Фокс Њуз – Њујорк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.