Зоран Заев го демантираше премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кој вчера се сретна со премиерот на Македонија Никола Груевски.
Заев тврди дека Нетанјаху не се сретнал со Груевски, туку со него.
„Апсолутно најостро ги демантирам грубите лаги кои ги пласираат медиумските курири на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху кој исто така е контролиран од ВМРО-ДПМНЕ, што е очигледно апсолутно“, вели Заев.
„Не е точно апсолутно дека Никола Груевски имал средба на највисоко ниво со врвот на државата Израел. Апсолутно јас имав средба со Нетанјаху, само тој не е свесен за тоа. Врвот на МОСАД, моите блиски пријатели ме информираа дека апсолутно вчера јас бев во Ерусалим и дека јас сум на снимките и сликите со Нетанјаху. Моето име исто така стои на потпишаните договори со Израел, апсолутно“, дополнува лидерот на СДСМ Заев.
„Оваа груба лага и заблуда во која се доведени македонските граѓани со помош на сите израелски и македонски медиуми кои информираа за наводната средба на Груевски и Нетанјаху не се вистинити. Народот има апсолутно право да ја знае вистината – во Израел вчера сум бил јас, а не Груевски“, реагира Зоран Заев.
„Им благодарам на моите докажани пријатели од МОСАД, врвот на оваа служба, апсолутно, кои и мене ми ја соопштија вистината. Вчера кога ги видов снимките од Ерусалим ми падна мрак пред очи. Многу ми олесна кога МОСАД ми се јави да ми каже дека на снимките не бил Никола Груевски, туку сум бил јас“, завршува Заев.
Заев бара извинување од Нетанјаху.
„Премиерот на Израел треба апсолутно да ми се извини мене и на народот во Израел и Македонија за оваа груба лага. Тој како прв човек на Израел требало да знае дека нема средба со Груевски, па така да ги лаже граѓаните. Доколку сепак врвот на МОСАД кој ме информира мене секојдневно не го известил навремено Нетанјаху со кого се среќава, апсолутно ќе му простам во духот на добрите односи меѓу мене и Израел“, изјави Зоран Заев.
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.