Наоми Кембел е горда да биде лице на пролетно-летната кампања за 2015 година на модната марка „агент провокатер“. 44-годишната убавица мисли дека е одлично што е избрана да биде лице на новата линија на марката за долна облека бидејќи тоа докажува дека жените на сите возрасти можат да бидат секси.
– Одлично е да бидам лице на кампањата пролет-лето 2015 година на „Агент провокатер“, особено на 40 години, вели Кембел.
Сара Шотен, креативната директорка на „Агент провокатер“, вели дека, со оваа кампања целта им е да покажат дека, убавата долна облека им прилега и се цени од сите жени, без оглед на возраста. Шотен е категорична во изборот на модел, тоа да биде Наоми.
– Наоми е олицетворение на жената „Агент провокатер“, духовита, сјајна и самоуверена – изјави Шотен.
Фотографиите на Наоми се дело на фотографката и режисерка Елен фон Унверт, која е специјализирана во еротската женственост. Самата фотографка работела како модел, десет години пред да застане зад камерата.
– Наоми и Елен беа идеални за тоа, бидејќи и двете имаат силни, индивидуални карактери. Ја избравме Елен, бидејќи нејзината естетика одразува беспрекорно мистериозно чувство на рекламната кампања.
Наоми е исклучителната жена „агент провокатер“, паметна, убава и самоуверена – вели Сара.
Гледајќи ги фотографиите од новата фотосесија, тешко е да поверуваме дека британската ѕвезда има 44 години!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кејт и Дајана – модни близначки (видео)
-
Како да се облечете за Нова година: Девиците подалеку од жолто, Близнаците никако во сино
-
Другарка и и го украде момчето, а манекенката сега најде ново, кое не знае што да прави со парите
-
Тотално ја изгуби косата и сега носи перики – познатата манекенка проговори за себе си