| четврток, 6 декември 2018 |

Дел од филмовите на кои соработуваа ФХ3Х во трката за „Оскар“

fx3x02

Академијата за филмска уметност и науки ја објави листата на 10 филма кои влегуваат во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за визуелни ефекти за 2014 година. Меѓу десетте номинирани, на четири работеа артистите од македонската, а веќе и светски реномирана компанија за анимација и визулени ефекти ФХ3Х.

Guardians-of-the-Galaxy-End-Credits-Scene-Explained

Како најголеми ривали за наградата се посочуваат Guardians of the Galaxy кои ќе се соочат со Dawn of the Planet of the Apes.

На листата се и Captain America: The Winter Soldier, Godzilla, The Hobbit: The Battle of the Five Armies, Interstellar, Maleficent, Night at the Museum: Secret of the Tomb, Tand X-Men: Days of Future Past.

the_hobbit_the_battle_of_the_five_armies-wide

Миливоје Ѓорѓевиќ, еден од сопствениците на ФХ3Х, вели дека артистите во ФХ3Х се горди на својата работа.

– Чест ни е што ја имавме таа привилегија да работиме на четири од номинираните 10 филма кои влегуваат во потесен избор за најдобри визуелни ефекти во 2014 година, особено што тие влегоа на оваа листа во навистина голема конкуренција. Визуелните ефекти на сите 10 филма се спектакуларни. Во овој момент фаворити и не можат да се издвојат сѐ додека не се изгласаат финалните пет филма кои ќе влезат во избор за „Оскар“, но секако нашите се “Guardians of the Galxy” на кој работевме во соработка со Method Studious, “Maleficent” на кој соработувавме со MPC Technicolor, ”Transformers: Age of Extinction,” на кој работевме во соработка со Industrial Light & Magic, и “Captain America: The Winter Soldier” кој го работевме во соработка со Scanline и на кои им стискаме палци да влезат во финалните пет – изјави Ѓорѓевиќ.

fx3x

Кристијан Даниловски, вториот сопственик на ФХ3Х, вели дека конкуренцијата во оваа категорија годинава е исклучително силна, повеќе филмови кои имаа исклучителни визуелни ефекти не успеаја да влезат ниту во првиот круг од 10 филма, како на пример Edge of Tomorrow.

– Оваа година, за разлика од претходните години нема јасен фаворит, сите 10 кандидати се со врвни остварувања од визуелните ефекти, така што се очекува неизвесност и во изборот на петте номинирани за „Оскар“ – вели Даниловски.

fx3x01

Тој изрази задоволство и од тоа што соработувале на филмови кои се номинирани за „Оскар“ и во други категории, како што се Into the Woods, кој е номиниран и во категории за најдобри костими, за шминка и за продукциски дизајн и The Giver за најдобар звук, вели Даниловски.

Вкупната листа на филмови на кои ФХ3Х беше соработник во 2014 година, освен номинираните и споменатиот Edge of tomorrow, ги содржи и филмовите: RoboCap, Jersey Boys, Hercules, Lucy, The Giver и годината ја завршуваме со уште еден наслов кој ќе има премиера вечерва Exodus, кој ќе ќе биде прикажан во Cineplexx.

Пошироката листа на номинирани за „Оскар“ е подготвена од претставници на Комитетот за визуелни ефекти при Академијата. Наредната селекција од 10 на пет филма од кои всушност ќе се избере победникот ќе биде извршена на 10 јануари 2015 година, а избраните ќе бидат објавени на 15 јануари како официјални номинации за 87. церемонија на доделување на „Оскарот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top