| четврток, 6 декември 2018 |

Сефте цел меч за Зајков со победа на Рен

Македонскиот младински репрезентативец Ѓорѓи Зајков првпат одигра цел меч за францускиот тим Рен, а дебито во стартните 11 го одбележи со победа над Кретеј во осминафиналето од купот.

Зајков е единствениот македонски фудбалер што во моментов настапува за клуб од прволигашкото друштво во Франција. И првпат синоќа играше од почеток, на својата позиција стопер, а работата си ја заврши одлично. Рен не прими гол и мина натаму во францускиот куп со победа од 1-0.

zajko

Неговиот соиграч од одбараната Арман беше стрелец на единствениот погодок во второто полувреме со што прволигашот го елиминира членот на втората француска лига Кретеј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top