| четврток, 6 декември 2018 |

„Интервју“ нема да се прикажува во кината поради закани од Северна Кореја

Филмското студио „Сони пикчерс“ се откажа од прикажување на филмот „Интервју“, што беше планирано да почне на 25 декември, откако најголемите киносали низ САД одлучија да не го прикажуваат ова филмско остварување поради безбедносни причини.

Филмот е долгоочекуван хит на Џејмс Франко и на Сет Роген, но засега нема да биде прикажан.

Во „Интервју“ се говори за исмислен заговор за убиство на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун. Двајца американски новинари заминуваат во Северна Кореја на интервју со Ким, но тајно се врбувани од ЦИА за да извршат атентатот врз него.

screen shot 2014-11-11 at 11.49.34 am

Хакери веќе извршија напади врз датотеката на „Сони пикчерс“, но преку интернет испратија и сериозни закани предупредувајќи ги потенцијалните гледачи да не одат во киносалите да го гледаат филмот.

Претходно во последен момент беше откажана и њујоршката премиера на овој филм.

Компанијата „Сони пикчерс“ изрази жалење поради таквата разврска нагласувајќи дека и натаму стои зад својата последна продукција, како и зад правото за слободно изразување, но го разбира решението на киносалите и на киноприкажувачите.

The_Interview_43856

Хакерска група, која себе се нарекува „Чувари на мирот“, вчера се огласи со предупредување во кое потсетува на настаните од 11 септември 2001 година, порачувајќи дека светот ќе биде исполнет со страв доколку филмот се прикажува, а луѓето одат да го гледаат.

Американското ФБИ покрена истрага околу хакерските напади и притоа откри дека тие се поврзани со Северна Кореја, но американската администрација порача дека не располага со никаква валидна разузнавачка информација за постоење заговор за напади врз киносали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top