Тамара Еклстон, богатата наследничка и ќерка на првиот човек на Формула 1, Берни Еклстон, ќе се најде на насловната страница на најпознатото списание за мажи „Плејбој“. Весникот „Мирор“ пишува дека таа ќе биде на насловната страница на мајското издание на „Плејбој“ откако направила едиторијал во Лос Анџелес.
– Тамара е многу гордна на своето тело и сака нејзините облини сите да ги видат. Затоа мисли дека е добра шанса за неа, а едиторијалот е направен по пример на трендовите кои владееја во 50-те години на минатиот век – пишува „Мирор“.
За овој потег, Тамара има поддршка од својот вереник и од своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.