Вистинска ракометна револуција е потегот на данскиот селектор Јан Питлик, да игра постојано со 7 ракометарки во напад против вообичаените шест на противничките репрезентации, а изведбата беше лесна благодарение на извонредната Кристина Кристијансен. Ракометарката на Данска постојано играше во нападот против Унгарија и тоа со маркер, при што Скандинавките постојано имаа играч повеќе, а потоа експресно се менуваше со голманот, или и самата бранеше.
Во ситуација кога Кристијансен немаша да стаса да се смени со голманот, таа самата беше на голот и ја чуваше мрежата на Данките. Рецептот досега невиден и неприменет во светот на ракометот се покажа како успешен и Данска ја победи Унгарија со 23-20. Досега се случувало во одредени куси периоди од играта, најчесто за еден напад, да се игра по овој терк, но цел меч, секако е новитет.
Погледнете како изгледа одличната идеа на Питлик и како тоа на дело успешно го спроведува неверојатната Кристина Кристијансен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)