| четврток, 6 декември 2018 |

Висок експерт на ОН: Едната босанска девојка што замина во џихад е мртва, другата исчезната

Високиот експерт на антитерористичкиот комитет на Советот за безбедност на Обединетите нации, Давид Шарија, за израелските медиуми кажал дека една од босанските девојки Сабина Селимовиќ (15) и Самра Кешиновиќ (16) кои заминаа во џихад пред извесно време, е најверојатно мртва, а другата е исчезната, пренесуваат австриските медиуми.

– Неодамна добивме информација дека двете малолетни девојки со босанско потекло побегнале од Виена во Сирија. Регрутирани се од страна на „Исламската држава“, а по нив трагаат разузнавачките служби на оваа држава. Веруваме дека една од нив загина за време на борбата во Сирија, а другата е исчезната – вели Шарија за израелски Инет.

Тој не прецизирал која од двете девојки е загината.

Сабина и Самра побегнаа од дома во април годинава. Австриските медиуми неодамна објавија дека девојките се каеле за својата одлука и им порачале на родителите дека сакаат да се вратат дома.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top