| четврток, 6 декември 2018 |

Реал Мадрид си поигра со Круз Азул (видео)

­

Реал Мадрид во првиот полуфинален меч на Светското клубско првенство кое се одржува во Маракеш, Мароко, без многу проблеми славеше над Круз Азул од Мексико со резултат 4-0.

Европејците постигнаа по два гола во првото и во второто полувреме. Серхио Рамоз го отвори резултатот во 15. минута, Карим Бензема зголеми на 2:0 во 36., Герет Бејл во 50.минута ја продолжи серијата погодоци, за Иско во 72..минута да ги постави конечните 4:0.

За Реал Мадрид воедно ова беше и 21. победа во низа во сите натпреварувања. Шпанскиот тим во финалето в сабота ќе игра против подобриот од средбата закажана за вечер во 20:30 часот меѓу Сан Лоренцо (Аргентина) и Оукленд Сити (Нов Зеланд), додека Круз
Азул со поразениот од тој дуел ќе се бори за третото место. Клупскиот фудбалски Мундијал годинава се игра во Маракеш, Мароко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top