| четврток, 6 декември 2018 |

За три месеци 13.299 луѓе кажале „Ало докторе“

 alo-doktoreee500

Од 15 септември кога почна да функционира телефонската линија (02/15 123) „Ало докторе“, досега 13.299 луѓе се јавиле да побараат медицински совет. Од 8 декември до синоќа до 22 часот на линијата за здравствен совет се јавиле 722 луѓе.

Достапни за здравствен совет се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од  сите градови на Македонија. На  сите  лица  кои се јавија на телефонската линија  „Ало докторе“, им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија, соопштија од Здравствен дом – Скопје.

Најчесто јавувањата на  телефонската линија, како што се наведува, се за медицинска помош со широк спектар на најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, најчесто за зголемен крвен притисок, проблеми со зголемена телесна температура, кашлица, настинки  и симптомна болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол Центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен  совет директорите на јавните здравствени установи. Денеска од 18 до 22 часот дежурен ќе биде доктор Илијаз Исмаили, директор на Клиниката за очни болести, а утре доктор Ленче Неловска од Геронтолошкиот завод „13 ноември“.

На 17 декември дежурен на линијата ќе биде доктор Мендух Јегени, директор на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, на 18 декември доктор Живка Јордановска од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас, на  19 декември доктор Оливер Зафировски, директор на Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, на 20 декември доктор Идриз Неџипи од Психијатриска болница Скопје, а на 21 декември доктор Оливера Давчева од ЈЗО Здравствена станица Железара Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top