Група од околу 40 засега непознати лица, минатата ноќ упаднале во Министерството за образование на Грција и нанеле сериозни материјални штети на објектот, соопшти утрово грчката полиција.
Хулиганите влегле во дворот на Министерството, што се наоѓа во атинскиот кварт Маруси, и со камења искршиле неколку прозорци и безбедносни камери на зградата.
Полицијата успела да уапси осуммина од насилниците, но нивниот идентитет, како ни мотивите за ваквата постапка, досега не се соопштени.
Грчкото Министертсво за образование го осуди овој „вандалски акт“, нагласувајќи дека сите оние што на ваков начиин се обидуваат да го заплашат грчкото општетсво, треба да знаат дека го прават тоа бесполезно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос пред ноќен клуб: Се скарал со обезбедувањето и влетал со автомобил меѓу луѓето (видео)
-
Насилници малтретирале детенце од Кисела Вода за 30 денари
-
Косово: Вооружени крадци упаднаа во бензинска, но не очекуваа дека ќе ги снајде ова (Видео)
-
МАН бара од МВР да открие кој стои зад упадот во редакцијата на „Курир“