Млад маж денеска се запали во центарот на Тунис, неколку часа пред туниските пратеници да гласаат за доверба на новата влада, чија задача е да ја извлече земјата од политичката криза. Се работи за младо момче кое продава цигари. Причина е револтот што не можел да најде друга работа.
– Јас сум момче кое продава цигари бидејќи не може да најде друга работа – викало момчето пред да се запали во авенијата Хабиб Бургиба пред зградата на Градското собрание.
Тоа со тешки изгореници е префрлено во болница.
Инаку, бројот на луѓето во Тунис што се одлучуваат на самоубиство е зголемен откако млад уличен продавач се запали на 17 декември 2010 година, во знак на протест поради малтретирањето од страна на полицијата. Смртта на Мухамед Боазизи во градот Сиди Бузид покрена масовен бунт, а следниот месец беше соборен Зин ел Абидин Бен Али поради економските и социјалните тешкотии. Две години потоа невработеноста и сиромаштијата и натаму се присутни во оваа северноафриканска држава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Семејството Јусуфовски живее на излезот од Охрид во ужасни услови: Нема струја, кревети пред распаѓање и под од земја и камен…