Жолтата подморница победнички исплови од Мадрид, а херој на победата на Вилјареал против шпанскиот првак Атлетико е Лусијано Вието. Аргентинскиот играч им приреди шок на „јорганџиите“ со погодок во 84. минута, за прв пораз на „Висенте Калдерон“ во 2014 година на Атлетико.
Најубавата шанса за шампионот ја промаши Марио Манџукиќ, кога не успеа да го совлада одличниот голман на Вилјареал и поранешен чувар на мрежата на Атлетико Серхио Асенхо.
Со поразот Атлетико заостана зад градскиот ривал Реал Мадрид во битката за одбрана на титулата. Реал е лидер со 39 бода, пред Барселона со 35 и Атлетико со 32 бода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


