Ѓаволски добри одбрани имаше голманот на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа во дербито против Ливерпул, што неговиот тим го доби со резултат од 3-0.
Де Хеа неколкупати на неверојатен начин ги спречи Стерлинг и Балотели да ја затресат мрежата на домаќините, што на трипати им успеа на играчите на Јунајтед.
Руни и Мата во првиот дел ги казнија утките на Ливерпул и со по еден гол го наградија Де Хеа за прекрасните одбрани на голот на Манчестер јунајтед. Робин Ван Перси со гол во второто полувреме ја запечати судбината на Ливерпул.
Популарните „црвени ѓаволи“ се вклучија бво битката за титулата во Англија и сега се на третата позиција со 31 бод, 8 помалку од лидерот Челси и 5 помалку од Манчестер сити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




