| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Стевче Јакимовски загубил контакт со реалноста

Кандидатот на Српската напредна странка во Карпош, Стевчо Јакимовски, очигледно, го има загубено контактот со реалноста кога во очај, по своето дезертирање од СДСМ, фрла со дрва и камења по партијата во која до вчера беше висок партиски функционер и по своите партиски другари кои врата до врата одеа за него за да го седнат во фотелјата, а тоа е само потврда на неговиот превртлив карактер, стои во соопштението од СДСМ.

Тие сметаат дека ваквата постапка на Јакимовски е за очекување. Според нив, тоа е човекот што го напуштил бојното поле за личен интерес и да си ја сочувал сопствената фотелја.

– Кога Стевчо зборува за предавници, тоа е исто како кога Груевски зборува за предавници. На кое дереџе спадна Стевчо, исто како и Груевски, да се фали со измислени анкети, на „Сител“ да биде главна ѕвезда, а Латас да го фали со полна уста. За СДСМ неговиот чин е чин на кукавичлук, а неговиот слоган храбро е најобична пародија. Што има храбро во тоа да си ги напуштиш другарите во оној момент кога тоа не ти се совпаѓа со личниот интерес? Не се работи за граѓаните, се работи за парите Стевчо – додаваат од најголемата опозициска партија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top