Прекинато водоснабдување денеска од 9 часот ќе имаат корисниците на дел од бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ спроти Нова Македонија.
Прекинот на водоснабдувањето кое ќе трае до санирање на дефектот, е поради дефект на шибер од ф 400 мм на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ спроти Нова Македонија, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.