Бројот на починати од вирусот на ебола се искачи на 6.583, а до 10 декември регистрирани се 18.188 пациенти во Гвинеја, во Либерија и во Сиера Леоне, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Во Либерија има најголем број на заразени и смртни случаи, но епидемијата во земјата почна да успорува. Еболата најбрзо се шири во Сиера Леоне, каде има најголем број заразени – 8.069, додека починале 1.899 лица.
Според податоците на СЗО во Либерија се регистрирани 7.765 заболеми од ебола и 3.222 смртни случаи, додека во Гвинеја заразени се 2.354 луѓе, а починале 1.462.
Бројот на починати во другите земји и понатаму е ист – шест во Мали, еден во САД и осум во Нигерија. Во Шпанија и во Сенегал регистриран е по еден инфициран.
СЗО наведува дека од ебола досега заболеле 639 здравствени работници од кои 349 починале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.