| четврток, 6 декември 2018 |

ЦЕРН: Големиот акцелератор наскоро повторно ќе работи

12122014211152_Hadron-small

Големиот акцелератор кој се наоѓа во близина на Женева, повтотно ќе биде вклучен во март идната година, а неколку недели подоцна повторно ќе се судрат субатомски честички, но со речиси двојно поголема сила.

Најголемиот и најсилниот акцелератор на честички во светот, чија задача е да им помогне на научниците во откривањето на тајните на универзумот, беше исклучен две години за да се унапреди и да се отстранат поединечни технички недостатоци.

Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) соопшти дека ЛХЦ ќе биде целосно подготвен во март, а првата колизија протонски зраци ќе биде во мај.

– Со ново ниво на енергија, акцелераторот ќе отвори нови хоризонти за физиката и за идните откритија. Со нетрпение чекам да видам што природата ќе ни донесе, изјави Ролф Хојер, генералниот директор на ЦЕРН.

ЛХЦ стана познат по мисијата на пронаоѓање на Хигисовиот бозон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top