Шпанскиот напаѓач Фернандо Торес, кој дојде на позајмица во Милан, по само една половина помината од позајмицата ќе се врати кај Жозе Мурињо во Челси.
Торес кој требаше да биде замена за Марио Балотели, на девет меча за „росонерите“ постигна само еден гол.
Покрај очајната форма, Торес има константни проблеми со повредите на скочниот зглоб, па на „Сан Сиро“ ја разгледуваат можноста по само шест месеци да се откажат од неговите услуги и да го вратат на Жозе Мурињо.
Со оглед на тоа дека не му е потребен ниту на Мурињо, најверојатно Челзи во зимскиот преоден рок буквално на некој клуб ќе го подари 30-годишниот напаѓач кој некогаш им беше кошмар на голманите.
Се шпекулира дека тоа е Атлетико Мадрид, кој на „Сан Сиро“ би го испратил Алесио Черчи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


