| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачкото лудило продолжува, 12 навивачи на Сент Етјен пробoдени со нож (видео)

Во Киев по натпреварот Днипро – Сент Етјен ново навивачко безумие. Во улични тепачки се избодени 12 навивачи на гостите од Франција.

Ukraine

Еден ден по хаосот кој настана во Барселона, каде што беа избодени двајца навивачи на ПСЖ, и во Киев се користени ножеви во тепачка меѓу навивачите на Днипро и Сент Етјен.
Дванаесет навивачи се повредени по нередите кои настанаа меѓу симпатизерите на двата клуба по завршувањето на натпреварот од Лига на Европа.
Сите повредени француски навивачи се згрижени во локалната болница и никој не е во животна опасност. Останатите навивачи добија само модринки од напад со бејзбол-палки.
Проблемот настанал кога по натпреварот француските навивачи го запалиле украинското знаме откако нивниот тим загуби со 1-0 и беше елиминиран од Лига на Европа.

Полицијата за да ја смири тензијата морала да испука и неколку предупредувачки куршуми во воздух, а во официјалното соопштение стои дека меѓу повредените има и украински навивачи и дека веќе има осомничени и уапсени од двете страни.
Против нив ќе биде поднесена и соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top