| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го подготви барањето за воени отштети од Германија

atina View-of-Athens-1200Грција го подготви извештајот за германските воени репарации, пишува весникот „Имерисија“, истакнувајќи дека во согласност со законските одредби документот е предаден во грчкото Министерство за надворешни работи.

Извештајот е подготвен од специјална работна група на Управата за приходи, коај е составена за да го собере неопходниот архивски материјал и врз таа основа да се определи износот на репарации за нацистичките злосторства во текот на Втората светска војна, што Грција може да ги побара од Берлин.

Собраните архивски документи се сместени во 761 тома.

Специјалната работна група беше формирана во средината на септември минатата година со одлука на заменик- министерот за финансии Христос Стајкурас. Тогаш списанието „Штерн“ напиша дека Грците би можеле од Германците да побараат 300 милијарди евра за воените репарации што им ги должат од времето на нацистичката окупација на Грција во текот на Втората светска војна.

Според весникот, сумата што редовно се појавувала во грчките весници ги вклучувала сите отштети на кои Грција претендира, а во нив спаѓаат и камати во износ од 70 милијарди евра.

Берлин ја отфрли можноста на Атина да ѝ даде воени репарации за периодот на нацистичката окупација. Федералната влада смета дека по толку години прашањето за репарациите ја загубило актуалноста.

Од германското МНР беше соопштено дека за Берлин нема такво  прашање во дневниот ред и затоа нема ниту разговори меѓу двете земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top