Легендарната ски-леталница во Словенија, Планица до пред три години важеше за место на кое се изведуваат најдолгите скијачки летови.
Традиционално светската скијачка федерација (ФИС) завршницата на светскиот куп го одржува токму на Планица каде се добива најдобриот во светкскиот куп.
Светскиот рекорд до пред три години беше изведен на Планица од Норвежанецот Бјорн Еинар Ромерен кој успеа да прелета 239 метри.
Со продолжувањето на залетиштето на норвешката скокалница Викерсунд светскиот рекорд беше соборен токму пред три години од сонародникот на Ромерен, Јохан Ремен Евенсен кој успеа да скокне фантастични 246,5 метри.
ФИС се противеше на зголемувањето на залетиштето на Планица со изговор дека тоа би можело да биде уште поопасно за натпреварувачите, но откако им дозволи на организаторите на Викерсунд за зголемување на залетиштето и Планица доби зелено светло пред две години.
До сега максималната должина на залетиштето изнесуваше 130 метри, но со новата рекострукција ќе се добијат дополнителни пет и со тоа се очекува да се добие поголема брзина од 110 километри на час на мостот и должини помеѓу 270 и 300 метри.
Како што најавуваат словенците можно е до крајот на оваа сезона да се заврши реконструкцијата и веќе во март 2015 година да го видиме најдолгиот лет или најдоцна за следната натпреварувачка сезона.
Планица, најдолг лет
Викерсунд, светски рекорд
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)