| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС со упатсво за џихадистите: како да се киднапираат, казнуваат и силуваат жените

548735_islamisti-01_ff

Исламската држава минатиот месец киднапираше повеќе од 2.500 припадници на езуитското верско малцинство во Сирија и во Ирак, додека најмалку 4.600 жени се водат како исчезнати. Памфлетот што милинтантата група го објави пред објавувањето на извештајот за бруталните методи на ЦИА при сослушувањето на осомничените, забранува мачење на робинките, но содржи низа прашања и одговори што се однесуваат на киднапирање и на сексуално малтретирање на жените што ќе ги заробат.

Се претпоставува дека упатството е направено на 3 декември на барање на „Одделението за истражување и фатва“. Институтот за медиумски истражувања на Блискиот Исток со седиште во Вашингтон детално го превел упатството во кое стои дека неверувањето во исламот е доволна причина жената да биде претворена во робинка.

* Прашање бр.1: Што е ал-саби?

Ал-саби е жена што припаѓа на народите со кои се војува, а која ја заробиле муслимани.

*Прашање бр.2: Зошто ал-саби смее да биде заробена?

Причината поради која ал-саби смее да биде заробена е нејзиното неверство. Неверниците што ќе бидат заробени и доведени во исламска средина стануваат наши робинки по што имамот ги распоредува меѓу нас.

* Прашање бр.4: Дали е дозволено да се има сексуални односи со заробеничката?

Сексуални односи со заробеничка се дозволени. Семоќниот Алах рекол: Успешни верници се тие што срамните места свои ги чуваат освен од жените свои, или од тие што се во нивна сопственост, тие навистина не заслужуваат прекор. (Куран 23:5-6)

* Прашање бр.5: Дали е дозволено да се има сексуални односи со робинка веднаш откако ќе биде заробена? 

Ако е невина, нејзиниот господар може да има сексуални односи со неа штом ја зароби. Но, ако не е, прво мора да и се исчисти матката…

 * Прашање бр.6: Дали е дозволено да се продаваат заробеничките?

Дозволено е да се купуваат, продаваат и подаруваат заробеничките и робинките, затоа што тие се само сопственост со која може слободно да се располага, под услов, да не ја загрозуваат и да не нанесуваат штета на муслиманската заедница.

* Прашање бр.9: Ако заробеничката затрудни од својот господар, дали може да се продаде?

Ако стане мајка, не може да ја продаде.

Прашање бр. 13: Дали се дозволени сексуални односи со робинка што сè уште не е во пубертет?

Дозволени се сексуални односи со робинка што сè уште не влегла во пубертет ако е подготвена да затрудни, ако не, во неа може да се ужива и без сексуални односи.

* Прашање бр.19: Дали е дозволено да се тепа робинката?

Дозволено е да се тепа робинката во смисла на дисциплинско казнување, но забранет е ќотек што ќе ја повреди, од задоволство и ќотек заради мачење. Освен тоа, забрането е удирање во лице.

* Прашање бр.21: Каква е можната казна за робинки што ќе побегнат од господарот?

Според шеријатот на Алах, за нив нема казни, но потребно е да се опоменат на начин што ќе ги заплаши другите и ќе ги одврати од бегање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top