| четврток, 6 декември 2018 |

Како се апсеа лихварите и адвокатите од „Чекан“ (видео)

Акцијата „Чекан“ на МВР, спроведена вчера, удри по лихвари и адвокати во Гостивар и околината. Деветнаесет лица и една фирма се осомничени за лихварство, изнуда, перење пари и злосторничко здружување. Најголем дел од осомничените, полицијата приведе во вчерашната акција. Лицата се сомничат дека под огромни камати позајмувале пари. Милионскиот профит кој го остварувале легално го пуштале во оптег преку банките.

Од МВР вчера информираа дека поседуваат докази за стекнувањето на милионскиот профит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top