| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО школа во Охрид: Сајбер тероризмот е сериозна закана

Македонија не е имуна на заканата од тероризмот. Сајбер просторот претствува сериозен канал за мултиплицирање на ефектот кој што тие го постигнуваат бидејќи со многу малку  средства без патувања без ризици од тоа да бидат фатени од различни гранични служби терористите комуницираат помеѓу себе и на тој начин успеваат да мобилизираат значителен број на млади кои влетуват во тие мрежи, објави „Сител“.

Со оглед на тоа дека сајбер тероризмот претстатвува сериозна закана експертите сметаат дека потребна е меѓународна соработка . На НАТО школата во Охрид на тема Користењето на сајбер просторот од страна на терористите учествуваат  над 20 експерти од 13 земји .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top