Промената на државниот грб ни е потребна, заклучија дел од историчарите и хералдичарите што присуствуваа на денешната дебата за предлогот за нов државен грб на Република Македонија, што се одржа на Филозофскиот факултет во Скопје.
Секако дека ни треба промена на државниот грб затоа што тоа не е направено до сега почнувајќи од 1991 година. Сме останале назад, смета историчарот и професор на Филозофскиот факултет Ванчо Ѓоргиев.
Според него, Македонија и Белорусија се единствените земји во Европа, кои по падот на Берлинскиот ѕид и распадот на Југословенската федерација, Чехословачка и Советскиот сојуз не ги променија своите грбови. Имаат грбови што воопшто не се во согласност со хералдичките правила и она што е традиција во Европа. Во тој хералдички поглед, додаде дека друштво ни прават уште неколку земји во светот, меѓу кои се Мозамби, Ангола и Северна Кореја.
Александар Атанасовски, доктор на историски науки, посочи дека досега темелно не сме се занимавале со грбовите на Македонија. Од направените анализи, според него, постојат верзии меѓу кои и оваа црвен лав на жолт штит, почнувајќи од 16 век 1555 година па наваму во повеќето збирки фигурира како македонски грб или грб на Македонија. Во некои цртежи, појасни Атанасовски, не може да се определи бојата, но во објаснувањата стои дали е златно поле или црвено.
Ние останавме со оној грб што хералдички не е издржан, останавме поранешна Југословенска Република и го користиме грбот од СФРЈ, како грб на Македонија. Сепак, во хералдиката има некои правила, како треба да изгледа грбот и кои елементи треба да ги содржи, рече Атанасовски.
Понуденото решение за нов државен грб појасни дека постои во грбовниците како македонски грб и го користеле наши востаници.
Кога ќе ги погледнете грбовниците и грбовите, и денес низ светот ќе забележите дека има слични на многу места. Грбот не смее да биде потполно идентичен, мора по нешто да се разликува, по положбата, круната, опашката, поставеноста,…Не може никој да си го присвојува лавот каков негов симбол, тој од секогаш претставувал симбол на силата, здравјето, моќта,… Тоа не е авторско право на една држава, изјави Атанасовски.
Професорката по хералдика Снежана Филипова ја поздрави одлуката за промена на државниот грб нагласувајќи дека во Здружението на хералдичари дискутирале за потребата за вистински хералдички грб за земјава.
Во хералдиката и мал ситен детал може да направи разлика, значи не е само бојата и позицијата на лавот, како што е во случајот тоа што го прави грбот сличен или различен, рече Филипова.
Професорот Бобан Петровски предложи да се формира официјално тело што ќе се занимава со хералдика, кое според него, може да биде во склоп на Владата, Претседателот сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.