Полицијата во Србија го уапсила Јосип Броз -Јошка (67) внукот на Јосип Броз – Тито, во неделата навечер, и го задржала во полициска станица, објави српскиот весник „Ало“.
Според информациите на весникот, внукот на Титот бил приведен бидејќи пијан ги малтретирал сопругата и гостите на семејна веселба во неговиот дом.
„Никој не мислее дека вечерта ќе се одвива така. Јошка стануваше сè понепријатен по секоја голтка алкохол. Кога ситуацијата целосно излезе од контрола беше повикана полиција. Кога дојде патролата, Јошка почна дрско да им се обраќа и на полицајците“, пишува „Ало“, повикувајќи се на сопствени извори.
Поради насилното однесување и страв дека би можел да продолжи со малтретирање на присутните гости, полицајците решиле да го приведат Јошка Броз и да го задржат додека не се отрезни. Особено внимание на органите на редот им привлекол големиот арсенал оружје што Броз го поседувал во својот дом, па решил привремено да му го одземат.
По приведувањето, српската полиција поднела прекршочна пријава против Јошка Броз, а тој бил пуштен да си оди откако се отрезнил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.