| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС: Нашата „валкана бомба“ е веќе во Европа

Муслим ал Британи, наводен експерт за оружје кој работи за ИСИС, на својот профил напишал дека „радиоктивната направа веќе се наоѓа во Европа“.

Ова тврдење е објавено само неколку дена откако ИСИС објави дека поседува таканаречена „валкана бомба“.

Според наводите, материјалот за изработка на ова оружје џихадистите го украле од универзитетскиот истражувачки центар во ирачкиот град Мосул.

Ал Британи уште на 23 ноември на „Твитер“ објави дека ИСИС поседува валкана бомба, но тие негови тврдења не е можно да се проверат бидејќи неговиот налог на оваа социјална мрежа е избришан.

Официјални лица од американската влада порано изразија загриженост дека припадниците на ИСИС би можеле да прошверцуваат нуклеарен и радиоактивен материјал од Ирак.

Официјален Багдад во јули ја информираше јавноста дека милитанти украле околу 40 килограми ураниум од Мосул, што не е доволно за изработка на вистинско атомско оружје, но може да послужи како радиоактивен материјал за валкана бомба.

Поранешниот советник во Пентагон, Мајкл Рубин, вели дека на овие закани треба да им се обрне големо внимание.

– Противтерористичките служби често се фокусираат на спречување терористички напади, додека терористите цело време работат на нови методи -изјави Рубин.

Тој додаде дека им е познато дека терористичките групи имаат доволно мотив за напади и дека сега благодарение на вакумот кој настана со повлекување на трупите од Ирак имаат и средства да извршат напади на Запад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top