Повеќе од 10 лица се уапсени во голема полициска акција која утрово се спроведувала во западна Македонија, јави „Прес24“.
Според нивните полициски информации, приведена е поголема група која подолг период се занимавала со насилен криминал. Приведените се занимавале со лихварство, насилство и со перење пари. Меѓу приведените имало и познати адвокати и извршители кои ѝ помагале на групата преку склучување фиктивни договори и слични малверзации.
Полицијата имала многу работа на терен, а при претресите, еден од осмничените почнал да пука кон полициските службеници. За среќа, добро подготвените „тигри“ на македонската полиција успеале да го совладаат и брзо да ја вратат ситуацијата под контрола.
Според првичните информации, во акцијата се одземени и поголем број луксузни возила.
Од МВР официјално го потврдиле случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.