| четврток, 6 декември 2018 |

Голема акција во западна Македонија – уапсени лихвари, адвокати, извршители

lisici apsenje mafija

Повеќе од 10 лица се уапсени во голема полициска акција која утрово се спроведувала во западна Македонија, јави „Прес24“.

Според нивните полициски информации, приведена е поголема група која подолг период се занимавала со насилен криминал. Приведените се занимавале со лихварство, насилство и со перење пари. Меѓу приведените имало и познати адвокати и извршители кои ѝ помагале на групата преку склучување фиктивни договори и слични малверзации.
Полицијата имала многу работа на терен, а при претресите, еден од осмничените почнал да пука кон полициските службеници. За среќа, добро подготвените „тигри“ на македонската полиција успеале да го совладаат и брзо да ја вратат ситуацијата под контрола.
Според првичните информации, во акцијата се одземени и поголем број луксузни возила.
Од МВР официјално го потврдиле случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top